ДЕЦАТА НА МИЛИЈАРДЕРИТЕ ГОДИНАВА НАСЛЕДИЛЕ РЕЧИСИ 300 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Бројот на милијардери со наследство се заголеми за 91 лице
Според извештајот на швајцарската инвестициска банка UBS во светот се интензивира трансферот на богатството.
Милијардерите префрлиле 298 милијарди долари на своите наследници во годината до април, што е најмногу откако почна да се мери статистиката во 2015 година, објави денес швајцарската инвестициска банка UBS.
Во истиот период, дури 91 лице станале милијардери со наследување на богатство, се додава во извештајот.
Нов извештај покажува забрзување на глобалниот трансфер на богатство, при што UBS прогнозира дека децата на милијардерите ќе наследат најмалку 5,9 трилиони долари во следните 15 години.
Сопружниците и децата на милијардерите наследиле повеќе богатство во 2025 година отколку во која било претходна година откако започна известувањето во 2015 година, според Извештајот за милијардерските амбиции на UBS објавен во четврток.
Во 12-те месеци до април, 91 лице станале милијардери преку наследство, заедно добивајќи 298 милијарди долари, што е повеќе за една третина во однос на 2024 година, соопшти швајцарската банка.
– Овие наследници се доказ за повеќегодишен пренос на богатство кој се интензивира – рече извршниот директор на UBS, Бенџамин Кавали.
Извештајот се базира на анкета на некои од супербогатите клиенти на UBS и база на податоци што го следи богатството на милијардерите на 47 пазари во сите светски региони.
Банката пресметува дека најмалку 5,9 трилиони долари ќе наследат децата милијардери во текот на следните 15 години.
Поголемиот дел од овој раст на наследувањето ќе се случи во Соединетите Американски Држави, а Индија, Франција, Германија и Швајцарија се следни на листата, проценува UBS.
– Сепак, милијардерите се многу мобилни, особено помладите, што би можело да ја промени таа слика – додаде таа.
Потрагата по подобар квалитет на живот, геополитичките грижи и даночните размислувања ги водат одлуките за преселба, според извештајот.
-Швајцарија, ОАЕ, САД и Сингапур се меѓу претпочитаните дестинации на милијардерите – рече Кавали од UBS.
Во Швајцарија, каде што 206 милијарди долари ќе бидат наследени во текот на следните 15 години, според банката, гласачите во неделата со големо мнозинство го отфрлија предложениот данок од 50% на наследено богатство од 62 милиони долари или повеќе, откако критичарите рекоа дека тоа би можело да предизвика егзодус на богати луѓе.