ДЕЦАТА НА МЕКОЛИ КАЛКИН НЕ ЗНААТ ДЕКА НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ СЕ ПОЗНАТИ Не сакам да одгледуваме „непо бебе“, вели ѕвездата на Сам дома

Меколи Калкин откри дека неговите деца „немаат поим“ дека нивните родители се познати бидејќи актерот и неговата сопруга Бренда Сонг не сакаат да одгледуваат „непо бебе“, термин кој е всушност, кратенка за непотизам.

235

Ѕвездата од „Сам дома“ Меколи Калкин е татко на два сина со неговата партнерка, актерката Бренда Сонг и вели дека „нема намера да одгледува непо бебе“ (Непо е кратенка за непотизам, што англискиот речник Колинс го дефинира како „неправедна употреба на моќ за да се добијат работни места или други бенефиции за вашето семејство или пријатели“).

Калкин изјавил дека е среќен поради тоа што неговите момчиња „не се воопшто импресионирани“ кога ги гледаат своите родители на телевизија.






За време на појавувањето во шоуто Hot Ones на Јутјуб, 44-годишниот Меколи објасни: „Моите деца немаат поим дека јас и Бренда сме познати.

– Тие ја гледаат мама на телевизија затоа што кога таа не е во близина, ја пуштам нејзината ТВ емисија Suite Life [The Suite Life of Zack and Cody].

Им покажав нешто малку од Suite Life и знаете што рече мојот син Дак?

Тој вели: „Еден ден сакам да пораснам и да се оженам со девојка исто толку убава како [ликот на Бренда] Лондон Типтон. Јас му одговарам: Да, да, да, да.

Но, тие не се  воопшто импресионирани што сме на телевизија и такви работи. Не сакам да се заглават во сите тие работи. Немам намера да одгледувам непо деца, без разлика колку ќе бидат како нив!

За време на појавувањето, поранешната детска ѕвезда отворено зборува за своето пензионирање од Холивуд во 1990-тите по огромниот успех како млад актер – признавајќи дека читал сценарија за време на оваа пауза, но дека имало неколку што „му се протнале“ и станале пропуштени можности за негово враќање.

Меколи открил дека едно од нив било сценариото за „Рашмор“ и додал дека жали што ја пропуштил главната улога во оваа комедија на Вес Андерсон од 1998 година, која на крајот му припаднала на Џејсон Шварцман.

 

Поврзани содржини