ДЕЦАТА НА БАЈДЕН ОСТАНАА БЕЗ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Ешли имала 13 агенти, Хантер останува без ниту еден

Оваа одлука ја донесе претседателот на САД, Доналд Трамп велејќи дека сето тоа го плаќа американскиот даночен обврзник.

413

Претседателот на САД, Доналд Трамп го укина правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Џо Бајден – Хантер и Ешли.

„Хантер Бајден подолг период имаше заштита од Тајната служба, а сето тоа го плаќаше американскиот даночен обврзник. Ве известувам дека, веднаш штом стапи во сила, Хантер Бајден повеќе нема да има заштита од Тајната служба. Исто така, Ешли Бајден, која има тим од 13 агенти, ќе биде отстранета од списокот“, објави Трамп на платформата Трут соушл (Truth social).






Одлуката уследи неколку часа откако Трамп беше запрашан за обезбедувањето на Хантер Бајден од страна на Тајната служба. Тој изјави дека не знае за тоа, но оти ќе ја провери информацијата.

Поврзани содржини