Децата ќе се вакцинираат само со закажан термин

Министерот истакна дека закажувањето на терминот, односно пријавувањето ќе трае од денеска до четврток на сајтот vakcinacija.mk.

327

Во Македонија вакцинацијата против ковид-19 на децата ќе се одвива исклчиво со закажување на термин, информираше министерот Венко Филипче.

Тој истакна дека закажувањето на терминот, односно пријавувањето ќе трае од денеска до четврток на сајтот vakcinacija.mk.






– Ова се прави поради подобра организација, затоа што од една виала на „Фајзер“ се даваат шест дози вакцини односно се вакцинираат шест лица. За да не дојде до отворање на вакцината и само на пример две апликации да се извршат, го правиме ова. По пријавување на децата, ќе се добие термин за нивна вакцинација – објасни Филипче.

Вакцинирањето на децата од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“ ќе започне од петок. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.

Поврзани содржини