ДЕЦА, СНАОЃАЈТЕ СЕ ВО СЛЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ Учебниците ќе стасаат до крајот на септември
Додека ги чекаат учебниците, учениците од четврто, петто и шесто одделение треба да ги користат дигиталните учебници кои се закачени на платформата на Бирото за развој на образованието.
Учебниците ќе бидат доставени до секое училиште најдоцна до крајот на септември, убеден е министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
– Економскиот оператор секојдневно доставува учебници. Завчера беа донесени последните одлуки од Националната комисија и се одобрија учебниците за албански јазик, природни науки, математика за шесто одделение и мислам дека следната недела ќе имаме точни податоци колку е побарано, колку е доставено и до крај на септември секој учебник ќе биде доставен до училиште – рече Шаќири.
Додека ги чекаат учебниците, учениците од четврто, петто и шесто одделение треба да ги користат дигиталните учебници кои се закачени на платформата на Бирото за развој на образованието.
Учениците од четврто и петто ги добија најголемиот дел од материјалите, но учениците од шесто одделение немаат ниту еден од десетте потребни учебници.