ДЕЦА ИГРАЛЕ СО ИГЛА ОД НАРКОМАНСКИ ШПРИЦ ВО СКОПСКА ГРАДИНКА Родителите се избезумени и револтирани

Подоцна се утврдило дека имало игла на шприцот и дека децата се гребеле со неа и ја скршиле. Родителите сè уште немаат одговори и не им е јасно дали некои од децата се гребнати или боцнати од иглата на шприцот или тоа им е од друга активност, јавува А1он.

995

Деца си играле и се боцнале од игла од шприц кој го нашле во двор на градинката „13 Ноември“ во Буњаковец во центарот на Скопје, објави А1он повикувајќи се на изјави од родител.

За А1он, родител тврди дека од градинката им било кажано да молчат и да не говорат во јавноста за случајот, и дека ќе го решеле тие случајот. Дел од родителите се револтирани дека не се обрнувало внимание на нивните деца додека се пуштаат надвор во дворот, а дел барале во вечерните часови да се контролира кој се влегува во дворот на градинката и какви активности се одвиваат.






„Очигледно, според зборовите на еден родител, станува збор за употребен шприц со игла фрлен или оставен од некој зависник од дрога. Истиот родител за А1он кажа дека едно од децата го имало пронајдено употребениот шприц и го зело дома, скриен во џебот. И од фотографијата на шприцот видливо е дека е употребуван, најверојатно од некој зависник на дрога. Вистинска паника настанала кога не се знаело дали имало или немало игла на шприцот и кој сè од децата го чепкал шприцот.

Подоцна се утврдило дека имало игла на шприцот и дека децата се гребеле со неа и ја скршиле. Тие сè уште немаат одговори и не им е јасно дали некои од децата се гребнати или боцнати од иглата на шприцот или тоа им е од друга активност“, се вели во текстот.

 

Поврзани содржини