ДЕЦА ОД 2 МЕСЕЦА ДО 16 ГОДИНИ СО КОРОНА Во Козле 2 деца се на кислородна поддршка
Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, додаде д-р Зеќири.
Во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје се хоспитализирани 21 дете заболено од вирусот ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба, изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири за МИА.
Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.
– Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка – додаде д-р Зеќири.