Деца на 4 години јадат само блендирано, и тоа исклучиво пред телевизор или мобилен
„Нашето дете има пет и пол години и не сака да јаде ако не е седнато пред телевизор или телефон“; „Моето дете има четири години и одбива да јаде цврста храна, јаде само блендирано. Ако не му дадеме блендирано, не удира“ … Ова се само два примери од праксата на логопед Бојан Богдановски.
Откако го објавивме текстот за феноменот „не си ги разбирам децата, зборуваат англиски“, за кој свој став ни даде логопед Симона Василеска Николовска од логопедскиот кабинет „Среќичка“, добивме мислење од уште еден експерт, а тоа е Бојан Богдановски, клинички логопед – специјалист.
Дека таа појава за која зборуваме, односно, тоа што сè повеќе деца прозборуваат на англиски, зборуваат англиски, а својот мајчин јазик го зборуваат на англиски акцент, е навистина присутна, потврдува и логопедот Богдановски со примери од својата пракса,
„Точно е, зголемен е бројот на деца кои проговоруваат на англиски јазик, а сè уште доцнат во усвојувањето на мајчиниот јазик“, вели Богдановски, а причините за ова ги лоцира во тоа што уште од најмала возраст, додека ги хранат, родителите им пуштаат на децата да гледаат цртани на странски јазик. Затоа, вели, тој не треба да се чудат зошто детето не јаде самостојно и зошто детето говори на странски јазик, а не на својот мајчин јазик.
„Детето на три години и постара возраст треба само да се храни користејќи лажица, да внесува тврда храна, а најмалку да биде изложено на модерна технологија во тој период, кој во суштина и е најзначаен за говорно – јазичниот развој кај детето.
Во секојдневјето секој од нас се среќава со мали деца од четири – пет години кои одлично говорат англиски јазик, а својот мајчин јазик скоро и да не го употребуваат, а ако го употребуваат тој е аграматичен и исполнет со странски зборови. Родителите оваа состојба ја сметаат за одлична, сметаат дека нивното дете е екстра талентирано, дека е напредно и дека живее таман како што треба во 21-от век, додека логопедските кабинети ги надминуваат своите капацитети и не постигнуваат со работа, токму поради овие состојби“, тврди Богдановски.
Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Unsplash