ДЕЦА КОИ ЦЕЛ ЖИВОТ ГЛЕДАЛЕ ПАРИ, ЛОГИЧНО Е СО ШТО ЌЕ РАБОТАТ! Синови и блиски на политичари во бизнисот со брзи кредити
Блиски роднини на поранешни функционери и актуелни политичари во земјава се дел од сопствениците на фирмите кои заработуваат од брзи кредити. Од вкупно 35 финансиски друштва, 23 компании се основани од македонски државјани, Меѓу нив и блиски на двајца поранешни премиери“, пишува РСЕ.
На синовите на кои им се погодиле татковците, им цветаат рози во бизнисите. Освен што им е заедничко тоа што имаат татковци моќници, поранени функционери, на овие татини синови им е заедничко и бизнисите за кои се одлучиле. А што би работеле деца кои во животот гледале само пари?! Па логично, би работеле со пари. И тоа како „продавница за пари“.
„Блиски роднини на поранешни функционери и актуелни политичари во земјава се дел од сопствениците на фирмите кои заработуваат од брзи кредити. Од вкупно 35 финансиски друштва, 23 компании се основани од македонски државјани, Меѓу нив и блиски на двајца поранешни премиери“, пишува РСЕ.
Мајката на бизнисменот Трајче Заев, братучедот на поранешниот премиер Зоран Заев, Убавка Заева, е сопственик на финансиското друштво „Пеон“ од Струмица. Управител на оваа фирма е нејзината ќерка Катерина Бојовиќ Заева, сопруга на Радиша Бојовиќ, сопственикот на струмичката дискотека „Аватар“.
Фирмата Пеон е основана во 1996 година како штедилница, а со лиценца за брзи кредити и издавање на гаранции се стекнува во 2013 година. Оваа компанија е основана со 800.000 евра и со годишни приходи по околу 400.000 евра. Во изминативе две години прави добивка од 170.000 до 270.000 евра.
Синот на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, Лав Георгиевски, е влезен во бизнисот со брзи кредити. Тој отворил продавница за пари во центарот на Скопје „Премиум фајнанс“.
Минатата година во овој бизнис влегол и синот на поранешниот прв разузнавач и советник за национална безбедност во кабинетите и на поранешниот премиер Зоран Заев и на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, Зоран Верушевски, проблематичниот Александар Вершушевски.
Младиот Верушевски лани ја отворил фирмата „Генерал фајнанце“ во Струга со подружница во Скопје, која се занимава со издвање брзи кредити.
И најпознатиот битолски бизнисмен Силјан Мицевски заработува на маката на другите. Мицевски во 2016 под име „Пелистер“ ја основа и фирмата за брзи кредити со седиште во Битола.
Од фирмите кои им нудат заеми на граѓаните основани од македонски државјани најголема добивка во изминативе две години направила фирмата „Кредитен центар БС“, фирма чиишто сопственици се синовите на познатиот бизнисмени и политичар Борис Стојменов, Марјан и Емил Стојменови.