📷 ДЕЦА, БАЈКИ, АРМИЈА, ПОЛИЦИЈА, ОРУЖЈЕ… На Школка весело за Денот на независноста

Најмладите имаа можност да се дружат и со припадниците на полициските служби и Армијата и да се запознаат со реализирањето на нивните задачи – информира прес-службата на Владата.

250

Под слоганот „Гласник на слободата”, во организација на Владата на Република Северна Македонија, денеска на повеќе локации во земјава се чествуваше големиот државен празник Денот на независноста – 8, Септември – – информира прес-службата на Владата.

На локацијата „Школка” во Градскиот парк се одржа културно-уметничка програма, во рамки на која учествуваше Воениот оркестар на Армијата на Северна Македонија, како и културно-уметнички друштва.






Во рамки на програмата настапија и членовите на „Златно славејче”, а беше изведена и програма за деца со учество на Театарот за деца и младинци кои ја одиграа претставата „Гига Мега бајка”.

Во пријатна празнична атмосфера, на истата локација, на просторот во близина на локацијата „Школка” се одржаа тактичко показни вежби на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи. Најмладите имаа можност да се дружат и со припадниците на полициските служби и Армијата и да се запознаат со реализирањето на нивните задачи.

Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста, посетителите имаа можност да бидат дел од серија спортски интерактивни активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт.

Денот на независноста – 8 Септември го прославуваме заедно со нашите граѓани, каде на терен го промовираме духот на сплотеноста со сите генерации. Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста“ – се вели во соопштението од Владата.

Фото: Прес-служба на Владата, МИА

Поврзани содржини