ДЕБРАНЕЦ ОБЉУБИЛ МАЛОЛЕТНИЧКА Полицијата привела 20-годишник
Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Полициски службеници од криминалистичката полиција во Дебар, го привеле Е.Ф.(20) од Дебар, кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка.
– Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Осомничениот е приведен вчера во 18:30 часот а како што се дознава станува збор за малолетничка на возраст од 14 години.
Инаку, ова е прв ваков случај во последните неколку години.