„За упадот во собранието разбрав од телевизија” – Гордана Јанкуловска.
Убо шо и бил уклучен телевизорот, иначе можи во весник нареден ден да прочиташе, ќе се шокираше.
***
„Дебар доби струја”.
Му се оствари сонот на Тесла, свака част!
***
„Паднато дрво го парализира сообраќајот во Маврово”.
Захариева бара да дадеме гаранции дена немаме територијални претензии кон Бугарија. Госпожа, пет од 12 месеци не ни можиме да стигниме до некоја граница, не па да нападнеме.
***
„Скопје во рекордно време го исчисти снегот”.
Хејтерите велат дека немало снег. Па нормално дека нема ко Град Скопје го чисти и пред да го забележи голо око.
***
Спиете, а? Па ќе спиете Шилегов ко ви го исчисти снегот, место вие да се мачите, мрзи.
***
И Битола нема снег. Сигурно го исчистиле пред да падни…
***
Службите го изненадија снегот, свака част, реално!
***
Мадрид побара помош од Град Скопје за справување со снежните бури.
***
Откако службите на град Скопје го исчистија снегот во Скопје, се пофалија дека ја исчистиле и Сахара од снег.
***
Чим почна комшијата со бормашината празниците ги прогласувам за умрено…
***
Хев а мандеј.
(ФБ статуси на авторот)