📽️ ДЕБАКЛ ЗА МЕДВЕДЕВ, ПРВПАТ СКРШИ РЕКЕТ Беретини го „збриша“ за 49 минути

Беретини го декласира Медведев со 6-0, 6-0 за 49 минути, при што рускиот тенисер остана без освоен гем и ја искажа фрустрацијата со кршење на рекетот на теренот.

80

Шокантен резултат го отвори денот во Монте Карло, каде Матео Беретини го прегази Данил Медведев со 6-0, 6-0 за само 49 минути игра. Поразот без освоен гем, прв во кариерата на Медведев, прерасна во фрустрација што кулминираше со кршење на рекетот на теренот.

Мечот што требаше да биде дерби се претвори во еднострана демонстрација. Медведев не освои ниту еден гем, а имаше 30 неизнудени грешки и пет двојни сервис грешки.






Во вториот сет нервозата кулминираше. По серија загубени поени, Медведев го искрши рекетот удирајќи го четири пати од земја. Публиката реагираше со мешавина од свирежи и аплаузи.

Матео Беретини беше перфектен.

– Ова е дефинитивно една од најдобрите партии во мојот живот. Сè функционираше – планот за игра беше перфектен, а моите најсилни оружја беа на врвно ниво. Против играч како Данил никогаш не е лесно, но денес едноставно не промашував – изјави Беретини.

Италијанецот, кој падна на 90-тото место, потсети на најдобрите денови. Беретини стигна до третото коло без ниту еден загубен гем.

Во првото коло водеше со 4-0 пред предавање на противникот. Потоа ја комплетираше „метлата“ против Медведев. Со оваа победа се пласира во осминафиналето и станува сериозна закана за фаворитите.

Поврзани содржини