„ДЕАНОВСКИ И ТРЕНДАФИЛОВ ОДРАБОТУВААТ ЗА СДСМ“ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека првите луѓе на УПОЗ и на ССМ зеле милионски суми

Истиот тој Трпе Деановски, ги лаже работниците во очи, додека тој се луксузира на нивен трошок, а притоа за 2024 година и првите 2 месеца од 2025 година, тој има добиено 1.800.000 денари плата и додатоци. Додека ги лаже работниците за минималната плата и дека се бори за нив, тој има земено за само една година, 69 минимални плати, односно околу 30 илјади евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

447

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на синдикатот УПОЗ (Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани) и претседалот на Сојузот на синдикати на Македонија одработуваат за СДСМ и не им е грижа за работниците, туку за милионските суми кои ги земаат од граѓаните во вид на плата и додатоци.

Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ велат:






„Лажната заложба за неоснованите барања за минимална плата на (претседателот на УПОЗ) Трпе Деановски и (претседателот ан ССМ) Слободан Трендафилов е веќе прочитана.

Трендафилов кој на големо одработува за СДСМ, си се координира и со синдикалците на батерии, кои се насадени од СДСМ на тие позиции, за да извршуваат партиски насоки и агенди.

Доказ за тоа дека се лажни синдикалци и воопшто не им е грижа за работниците е тоа што според информациите кои ги имаме, Трпе Деановски од УПОЗ, зема 4 пати поголема плата од минималната плата, односно 104.000 денари.

Истиот тој Трпе Деановски, ги лаже работниците во очи, додека тој се луксузира на нивен трошок, а притоа за 2024 година и првите 2 месеца од 2025 година, тој има добиено 1.800.000 денари плата и додатоци.

Додека ги лаже работниците за минималната плата и дека се бори за нив, тој има земено за само една година, 69 минимални плати, односно околу 30 илјади евра.

Синдикалецот на батерии, Деановски за една година земал пари колку што работниците кои демек тој ги застапува, не можат да земат ниту за 6 години.

Трпе Деановски работи по насока на Слободан Трендафилов, кој работи по насока на СДСМ. Тие се веќе прочитана приказна и нивното лицемерие не поминува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини