📷 ДЕЈВИД ГЕТА ДОБИ СИН СО 24 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА ДЕВОЈКА Славниот диџеј поради неа ја остави сопругата
Славниот диџеј Дејвид Гета (56) стана татко по третпат. Гета доби син со својата девојка Џесика Ледон (32), а ова е нивното прво заедничко дете. Дејвид и Џесика ја потврдија среќната вест со заедничка објава на Инстаграм.
Славниот диџеј Дејвид Гета (56) стана татко по третпат. Гета доби син со својата девојка Џесика Ледон (32), а ова е нивното прво заедничко дете. Дејвид и Џесика ја потврдија среќната вест со заедничка објава на Инстаграм.
„Љубовта е во воздухот. Запознајте го Сијан“, напишале во описот на фотографијата, на која Гета го милува новороденчето, додека тоа спие на мајчините гради. Притоа го откриле необичното име што му го дале на момчето.
View this post on Instagram
Во коментарите се огласил и 20-годишниот син на Дејвид.
„Малиот брат ќе биде силен“, напиша тој. Холандскиот диџеј Тиесто додаде: „Среќен за вас двајца! Браво брате“.
Двојката е заедно од 2015 година, а потврдија дека чекаат бебе минатиот ноември на црвениот тепих на доделувањето на латино Греми во Севиља. Наводно не планираат да се венчаат бидејќи музичарот „не верува повеќе во брак“.
View this post on Instagram
Гета има и две деца со поранешната сопруга Кети Лобе (56). Тие ја имаат ќерката Енџи (16) и синот Тим Елвис (20). Тој беше во брак со Кети од 1992 до 2014 година.
View this post on Instagram
Диџејот и 24 години помладата Џесика почнаа да се забавуваат во 2015 година, по разводот на Гета, а се појавија гласини дека токму младата убавица била причината поради која ги оставил сопругата и децата.
ФОТО: Инстаграм