Дејвид Гер доаѓа на местото на Жбогар во Скопје

1,033

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Jосеп Борел денеска го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на досегашниот евроамбасадор Самуел Жбогар.

Гер во моментот е на чело на Секторот за политика за санкции во ЕЕАС.






Жбогар ја извршува функцијата евроамбасадор во земјава од 1 септември 2016 година, а дојде на местото на тогашниот шеф на делегацијата Аиво Орав.

Борел меѓу останатите назначувања за евроамбасадори во регионот ги номинираше и Томаш Сунјог за шеф на делегацијата на ЕУ во Косово, Оана Кристина Попа за евроамбасадор во Црна Гора, како и Николаус Мејер Ландрут за шеф на делегација на ЕУ во Турција.

Поврзани содржини