ДЕ САНТИС НЕ ГО ДАВА ТРАМП, НО ТРАМП САМ ЌЕ СЕ ПРЕДАДЕ? Поранешниот претседател веројатно нема да прави отпор при апсењето
Тоа не ги спречи новинарите да се соберат на Менхетен и да очекуваат спектакл.
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, го критикуваше обвинението против Доналд Трамп и вети дека државата нема да помогне во неговото испорачување на правдата. Но, адвокатот на Трамп, Џо Такопина, изјавил дека неговиот клиент доброволно ќе се предаде во Њујорк. Исто така, Де Сантис нема моќ еднострано да ја укине клаузулата за меѓудржавна екстрадиција на Уставот на САД и најверојатно ќе биде блокиран од федералниот суд доколку се обиде да ја запре екстрадицијата.
Според Њузвик, тимот на Трамп преговара со судот околу „предавањето“.
Тоа не ги спречи новинарите да се соберат на Менхетен и да очекуваат спектакл. Трамп ја поседува позната вила Мар-а-лаго на Флорида од каде се очекува да допатува во Њујорк. Сузан Нечелес, адвокатка од тимот на Трамп рекла дека веројатно тој ќе се предаде на судење во Њујорк следниот вторник, пишува Њујорк Тајмс, но дека датумот не е конечен.
– Разговараме со нив (со Обвинителството). Знаете, очигледно, постои група наречена Тајната служба која е вклучена сега. Мислам, ова ќе биде нешто како што досега не сме виделе – вели адвокатот Такопина.
Можно ли е Трамп да биде спроведен од кулата Трамп ако тој биде затекнат во Њујорк, а не во Флорида? Во секој случај, властите се подготвуваат на масовни протести на поддржувачите на Трамп, ако тој самиот не дава отпор.
Де Сантис е ривал на Трамп од неговата Републиканска партија. Тој застана зад Трамп и го обвини окружниот обвинител на Менхетен дека е поддржан од Сорос.
„Користењето на правниот систем за постигнување политички цели го врти владеењето на правото наопаку. Тоа е неамерикански“, напиша ДеСантис на Твитер, пренесе Политико.
За обвинението се огласи и самиот Трамп.
– Никогаш досега во историјата на нашата нација тоа не било направено. Демократите мамеа безброј пати во текот на децениите, вклучително и шпионирање на мојата кампања, но никогаш порано не се случило да се искористи судскиот систем за да се казни политички противник, кој случајно е претседател на САД и водечки републикански претседателски кандидат – нагласи поранешниот американски претседател.
Трамп верува дека овој „лов на вештерки ќе му се одбие од глава на Бајден“.
– Сите можат да го видат тоа. Нашето движење и нашата партија – обединета и силна – прво ќе го победат обвинителот, а потоа ќе го победиме Бајден и ќе ги симнеме сите овие нечесни демократи од функцијата, па ќе ја направиме Америка повторно голема, заклучи Трамп.
Бидејќи е обвинет за ненасиелен злостор, на Трамп можеби нема да му бидат ставени лисици при приведувањето. Исто така, можно е тој да биде пуштен да се брани од слобода.