Де Блазио: Њујорчаните мора да се вратат на работа

Градоначалникот ќе формира специјален експертски тим за таа цел, кој до 1 јуни ќе изработи прелиминарен план за закрепнување на градот.

314

Жителите на Њујорк мора да се вратат на работа, што е една од непосредните цели во рамките на напорите градот што побргу да закрепне од епидемијата на коронавирусот, изјави денеска градоначалникот Бил де Блазио.

Според Си-Ен-Ен, кабинетот на Де Блазио ќе формира специјален експертски тим за таа цел, кој до 1 јуни ќе изработи прелиминарен план за закрепнување на градот, кој е најтешко погоден од епидемијата на коронавирусот.






– Ќе изградиме нешто ново и подобро, додаде Де Блазио истакнувајќи дека резултатите од тие напори ќе бидат праведни и еднакво распределени

Поврзани содржини