Дејан Милиќевиќ за борбата со коронавирусот: Одвај останав жив!

913

Познатиот српски режисер и стилист Дејан Милиќевиќ со недели се бори со коронавирусот, поради што, како што истакна, неговиот живот висел на конец.

– Веќе две недели сум во болница. Одвај останав жив. Корона и воспаление на двете белодробни крила. Сега е малку подобро, и за седум дена јас излегувам… Може да му се случи на секого – започнал тој.






– Само оптимизам. Апел до луѓето да не се залажуваат со излегување ноќе и се лудување по сплавовите, затоа што вирусот е насекаде. Јас го „закачив“ од другарка која ме избакна после долго невидување (класична српска работа), а таа немаше поим дека има симптоми. Беше ужасно, две недели температура и кислород, но благодарение на стручните лекари и медицинските сестри, мојот живот е спасен. Дури сега претстои закрепнување и доведување во ред. Никаде без маска и нема повеќе нашите српски честитки и бакнувања – додал тој.

За потсетување, Милиќевиќ во 2018 година преживеа мозочен удар, а три години претхоно ја оперира простатата.

 

Поврзани содржини