ДЕЈАН КАРАПЕЕВ ЈА ЗАПРОСИ ДЕВОЈКАТА Најмладиот шеф од екипата на Слоу фуд готвачи си ја најде сродната душа

Како и сите убави работи што му се случуваат последниве години, така и запросувањето се случило во романтична атмосфера и со поглед на море.

2,678

Најмладиот од најпознатите македонски шефови, 31-годишниот Дејан Карапеев, кој од летово стана партнер во коноба „Корта“ сместена во Диоклецијановата палата во Сплит, ја запросил својата девојка Рената Трајчевска која, се разбира, му рекла ДА!

Како и сите убави работи што му се случуваат последниве години, така и запросувањето се случило во романтична атмосфера и со поглед на море.






Тие летово беа заедно во Сплит кадешто работи и Рената која е од истата бранша и наскоро ќе дипломира на факултетот за гастрономија на штипскиот универзитет.

Рената летово работеше во еден од најексклузивните ресторани во Сплит – „Бокериа“, но и дома, за неа и за Дејан кој иако во коноба „Корта“ готви за другите, за ручек има навика да си јаде дома.

 

Поврзани содржини