ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ЗАВРШИ ВТОР ВО РОМАНИЈА Собра бодови за Олимпијадата во Лос Анџелес 2028
Македонскиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски силниот турнир Г1 во Романија го заврши со освоено второ место. Тој на овој турнир успеа да стигне до потребни бодови кои му се потребни за норма за ЛОИ во Лос Анџелес 2028 година.
Во првото коло Георгиевски беше слободен, додека во четвртфиналето оствари победа над Унгарецот Марсел Хотак, а потоа во полуфиналето го совлада и Тудор Карагеа од Романија. Во финалето поуспешен од Георгиевски беше репрезентативецот на Турција, Хусеин Демирчиоглу.
Дејан Георгиевски на турнирот беше под водство на помошник селектор Викторија Спасовска.