ДАВАЛЕ ДОНАЦИИ НА ФИТНЕС КЛУБ, ШКОЛА ЗА ТАНЦ… За повеќе од 10 милиони денари МЕПСО го има надминато планираниот фонд
Според документите кои ги доби поратолот, на листата од 33 поделени донации и спонзорства, најбројни се спортските клубови, а најголем дел од парите биле доделени на затворот Идризово во Скопје (5.945.000 денари), на Здравствениот дом Скопје (2.900.000 денари) и на ЈЗУ Мајка Тереза (2.767.500 денари), пишува МКД.
Иако за годинава за спонзорства и донации државната компанија МЕПСО планирала да потроши 12.300.000 денари, до јуни годинава за тоа се потрошиле 22.712.500 денари, нешто повеќе од 10 милиони денари од планираното, објави МКД.
Порталот пишува дека чекале повеќе од еден месец на одговорите на прашањата за критериумите на распределбата на парите за донации и спонзорства и за причината за пречекорувањето на предвидениот фонд. Одговор нема.
Според документите кои ги доби поратолот, на листата од 33 поделени донации и спонзорства, најбројни се спортските клубови, а најголем дел од парите биле доделени на затворот Идризово во Скопје (5.945.000 денари), на Здравствениот дом Скопје (2.900.000 денари) и на ЈЗУ Мајка Тереза (2.767.500 денари).
Сепак, останува нејасно според кои критериуми МЕПСО доделил 400 илјади денари, на пример на Здружението за слобода на говор и професионално известување Брианион од Демир Хисар. Ова здружение се јавува како издавач на порталите sportm.mk, 4news.mk, sofra.mk и onix.mk.
На листата е и Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. 22 Ноември е Ден на азбуката на албанскиот јазик.
За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН и ОФ на Македонија на интернет не може да се најдат никакви податоци.