ДАВАЛ ПАРИ ЗА ГЛАСАЊЕ ВО ЛОЗОВО Приведен е маж на 50 години поради поткуп
Лицето е лишено од слобода поради „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, вели МВР.
Во 17.30 часот во сеото Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го приведоа Б.А.(50) , по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари. Лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле, информира МВР.