ДАТУМОТ НЕ МУ ПРЕЧИ НА МНОЗИНСТВОТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ Алтернатива ќе партиципира во власта и без ЕУ

Парламентарното мнозинство е постигнато со партии кои ги поддржуваат овие стратешки цели и кои се подготвени да понесат одговорност во ова време кога сме соочени со предизвици, како енергетската криза, пандемијата и севкупната живеачка на народот, порачаа од СДСМ.

1,700

Новата владина коалиција беше направена под изговорот дека на Македонија ѝ е потребна стабилна власт, поради позитивните сигнали од Софија и Брисел по прашањето на евроитеграцијата на нашата земја.

Сепак, Бугарија не се откажа од ветото, по што Македонија повторно остана без датум за преговори со ЕУ. Сепак, тоа на владејачката партија во земјава не ѝ претставува проблем во обидот да формира нова влада, по најавената оставка на премиерот Зоран Заев.






– Како држава направивме сè за исполнување на условите и за започнување на преговори со ЕУ и оттаму, очекувањето Бугарија да ја тргне блокадата согласно европските вредности е навистина оправдано – порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Одговарајќи на прашање околу новата владина коалиција, Кузеска истакна дека договорот со политичката партија Алтернатива е заокружен и дека наскоро ќе биде реализиран.

– Стабилно парламентарното мнозинство е создадено врз основа на принципи и за европскиот пат на државата, стабилност и напредок.  Парламентарното мнозинство е постигнато со партии кои ги поддржуваат овие стратешки цели и кои се подготвени да понесат одговорност во ова време кога сме соочени со предизвици, како енергетската криза, пандемијата и севкупната живеачка на народот – посочи Кузеска.

Во СДСМ сметаат дека сега не е време за предвремени избори.

– Нема потреба за предвремени избори, сега е време за одговорност, во поглед на решавањето на предизвиците пред кои сме исправени, особено енергетската криза и пандемијата со коронавирусот – заклучи портпаролката на СДСМ.

Поврзани содржини