📷 ДАРКО ПАНЧЕВ ЌЕ ГЛАСА ВО СРБИЈА?! Името на легендарниот фудбалер на српскиот избирачки список  ја збуни јавноста

За српската опозиција името на Дарко Панчев може да е едно од многуте фантомски гласачи со кој претседателот Александар Вучиќ ќе се обиде да дојде до победа на изборите. 

679

 

Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев се најде на избирачкиот список во Србија за престојните избори. Панчев кој живее во Скопје, на српскиот изборен список е со адреса на живеење на Вождовац во Белград.






Името на легендарниот фудбалер на Црвена ѕвезда на избирачкиот список предизвика големо внимание во српската јавност и отвори многу дилеми.

За српската опозиција името на Дарко Панчев може да е едно од многуте фантомски гласачи со кој претседателот Александар Вучиќ ќе се обиде да дојде до победа на изборите.

Во коментарите на социјалните мрежи некои се пошегуваа дека наскоро на српскиот списокот ќе се појави и Христо Стоичков.

За потсетување, во во фокусот на јавноста во предизборието во Србија се најде уште еден истакнат македонски спортист. Поранешниот македонски кошаркарски решрезентативец и актуелен претседател на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ се вклучи во предизборната кампања на српскиот претседател Александар Вучиќ порачувајќи дека “му чува грб“.

🎥 „ЧУВАМО АЦИ ЛЕЃА“ Антиќ ги повика Србите да гласаат за Вучиќ

Поврзани содржини