ДАРКО ЈАНЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МИА Пандорка Арсовска Гацова е избрана за член на Управниот одбор

Надзорниот одбор на денешната седница го констатира престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.

461

Надзорниот одбор на АД МИА – Скопје во државна сопственост на денешната седница го избра Дарко Јаневски за генерален директор и претседател на Управниот одбор на МИА.

Јаневски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и тој има долгогодишно новинарско искуство во повеќе медиуми.






Од 1996 до 1999 година бил новинар во неделникот „Фокус“, а од 1999 до 2000 година бил заменик на главниот и одговорен уредник на неделникот.

Во 2000 година бил уредник-коментатор на дневниот весник „Нова Македонија“, а од 2000 до 2003 година бил заменик на главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“.

Од 2002 до 2004 Јаневски работел како новинар во неделникот „Пулс“. Од периодот од 2005 до 2009 година повторно работи како новинар во неделникот „Фокус, а од 2009 до 2012 година е новинар во дневниот весник „Нова Македонија“. Од 2012 до 2013 година е заменик на главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Нова Македонија“.

Јаневски работи како главен и одговорен уредник на дневниот весник „Дневник“ во периодот од 2013 до 2017 година. Од 2017 до 2018 година е уредник и водител на политичката ТВ емисија „Без ракавици“ на ТВ Алфа. Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен.мк“.

Надзорниот одбор на денешната седница ја избра Пандорка Арсовска Гацова за член на Управниот одбор, задолжен за генерален сервис на вести. Арсовска Гацова е искусен долгогодишен новинар во МИА, која и претходно била член на Управниот одбор и уредник на Внатрешна редакција во периодот 2006-2017 година.

Надзорниот одбор на денешната седница го констатира престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.

На седницата беше констатиран и престанокот на мандатот на членот на УО, задолжен за генерален сервис на вести, Ана Цветковска.

Поврзани содржини