ДАРИО ИВАНОВСКИ ПОБЕДИ НА „ОХРИД ТРЧАТ“ Македонскиот атлетичар убедливо најбрзо ги мина охридските улици

Дарио полумаратонот го истрча за 1:10:01 часа, пред бугарските атлетичари , второпласираниот Михаил Валковски (1:14:00) односно третопласираниот Николај Николов (1:15:44).

144

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид.

Дарио полумаратонот го истрча за 1:10:01 часа, пред бугарските атлетичари , второпласираниот Михаил Валковски (1:14:00) односно третопласираниот Николај Николов (1:15:44).






Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата што ќе се одржат ова лето.

Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01 часа. Јована Шубатлија од Србија заврши втора (1:30:40ч.), а трета финишираше Фросина Михајловска (1:31:35ч).

Во трката на пет километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред домашните тркачи Александар Арсов (19: 16 минути.) и Ријат Шеипи (19:32).

Во женска конкуренција на пет километри најбрза беше Емили Иваноска со време 24:25 минути, пред сонародничката Дарија Крстевска (24:28) и Весела Панчева од Бугарија (25:21).

Во штафетната трка на 21 километар најбрза беше екипата „Делта“ од Скопје со време 1:15:55 часа, пред АК „Аеродром“ (1:33:08 часа) и Стребениотес од Грција (1:34:02).

Наградите на најдобрите атлетичари им ги врачија претседателката Гордана Сиљановска Давкова и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

На „Охрид трчаТ“ оваа година учество зедоа рекордни 2.200 натпреварувачи од 31 земја. За организацијата и безбедноста на настанот кој мина во одлична атмосфера се погрижија 500 волонтери и припадници на полицијата.

Поврзани содржини