ДАРАВЕЛСКИ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ЦЕЛИ 20 ГОДИНИ Пред затворот го чекаше возило со затемнети стакла, а тој одби да разговара со новинарите (ВИДЕО)
Денеска Даравелски излезе од затвор по само 35 дена минати во Идризово. Осуденикот на седум години затворска казна очекува ново судење на кое ќе биде ослободен поради застареност на делото.
Камерманите на Телма денеска успеаја да го снимат Драган Даравелски, поранешниот директор на Царинската управа, кој помина цели 20 години во бегство во странство.
Денеска Даравелски излезе од затвор по само 35 дена минати во Идризово. Осуденикот на седум години затворска казна очекува ново судење на кое ќе биде ослободен поради застареност на делото.
Надвор го чекаа два автомобила, а воопшто не сакаше да даде изјава. Даравелски потоа со автомобил со затемнети стакла се упати кон Куманово.
Тој претходно сам се предаде на граничниот премин Табановце на 11 јануари, а на слобода ќе го дочека новото судење.