TATKOTO ГИ ОТКРИ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ДАРЈА Не сакам поинаква судбина, јас сум хероина (ВИДЕО)

И последното нешто, кога разговаравме со неа на фестивалот „Традиција“, таа ми рече: „Тато, се чувствувам како воин, се чувствувам како хероина. Сакам да бидам таква. Не сакам поинаква судбина. Сакам да бидам со мојот народ, со мојата земја. Сакам да бидам на страната на силите на светлината. Тоа е најважно, рече Дугин на разделбата со својата почината ќерка.

1,025

Дарја Дугина, „умрела за народот, за Русија“, а „огромната цена што треба да ја платиме може да се оправда само со највисокото достигнување“, рече нејзиниот татко, филозофот Александар Дугин пред стотици луѓе на денешното опростување со младата 29-годишна водителка на националистички ТВ-канал која загина во бомба во семејниот автомобил. Говорот на таткото и церемонијата беа пренесувана во живо, а многумина Руси ова го доживеаја потресно.

– И последното нешто, кога разговаравме со неа на фестивалот „Традиција“, таа ми рече: „Тато, се чувствувам како воинка, се чувствувам како хероина. Сакам да бидам таква. Не сакам поинаква судбина. Сакам да бидам со мојот народ, со мојата земја. Сакам да бидам на страната на силите на светлината. Тоа е најважно – рече Дугин на разделбата со својата почината ќерка.

 






Претседателот на Русија, Владимир Путин постхумно ја одликуваше Дугина со Орден за храброст, една од највисоките руски награди. Тој им испрати писмо со сочувство на Дугин и неговата сопруга, во кое го осуди „суровото и предавничко убиство“ и рече дека Дугина „чесно им служела на народот и на татковината, докажувајќи со дела што значи да се биде патриот на Русија“.

Руската служба ФСБ вчера обвини дека украинската државјанка Наталија Вовк, член на баталјонот „Азов“ го извршила убиството откако во јули пристигнала во Русија со нејзината 12-годишна ќерка и изнајмила стан во зградата во која живеела Дугина за да ја следи.

Од ФСБ тврдат дека Вовк и нејзината ќерка вечерта присуствувале на националистичкиот фестивал „Традиција“, а по експлозијата, побегнале во Естонија со автомобил на кој му ги смениле табличките.

Поврзани содржини