ДАНСКИ „ФЛАЈИНГ ТАЈГЕР“ ОТВОРА 50 ПРОДАВНИЦИ НА БАЛКАНОТ Првата ќе биде отворена во Скопје
„Флајинг Тајгер“ е основана во 1995 година и има повеќе од 1.000 продавници во 38 земји низ светот. Брендот продава разновиден асортиман на производи, од производи за домаќинството до играчки и електроника
Албанскиот конгломерат „Балфин груп“ соопшти дека постигнал договор за франшиза со данскиот синџир продавници за разновидни продавници „Флајинг тајгер“ за отворање на педесет продавници во Западен Балкан во следните четири години.
Првата продавница на „Флајинг Тајгер“ ќе биде отворена во Скопјe во октомври, по што ќе следат продавници во Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
„Балфин“ соопшти дека новите продавници ќе создадат 400 работни места.
Договорот ги исполнува плановите на „Флајинг Тајгер Копенхаген“ за проширување на својот бизнис низ Југоисточна Европа.
„Флајинг Тајгер“ е дански синџир на продавници за разновидна стока. Основана е во 1995 година и има повеќе од 1.000 продавници во 38 земји низ светот. Сиџирот продава разновиден асортиман на производи, од производи за домаќинството до играчки и електроника, а распоредот во неговите продавници наликува на лавиринт.
Поранешната извршна директорка на Flying Tiger, Мете Мајкс, изјави дека форматот на продавниците е дизајниран пазарењето да изгледа „како лов на богатство“ со додавање на најмалку 300 случајни, нови артикли секој месец во изборот на продавницата.
Нејзините најголеми пазари се Данска, Велика Британија, Италија и Шпанија.