Данска планира да ги отвори градинките и училиштата
Но, таа рече дека забраната за големи собири ќе остане во сила до август, објави „Ројтерс“.
Данска од 15 април ќе ги отвори градинките и училиштата за деца од прво до петто одделение, доколку бројот на заразени и починати од коронавирусот остане стабилен.
Ова го изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.
Но, таа рече дека забраната за големи собири ќе остане во сила до август, објави „Ројтерс“.
Во Данска, има вкупно 4,681 инфицирана од коронавирусот и 187 смртни случаи.