Данска очекува најголем економски пад уште од Втората светска војна
Состојбата е сериозна. Кризата во ковид-19, најверојатно, ќе влијае на данската економија во следните неколку години - изјави министерот за финансии.
Оваа година данската економија се соочува со најголем пад уште од Втората светска војна, како резултат на глобалните мерки поради коронавирусот, рече министерот за финансии.
– Состојбата е сериозна. Кризата во ковид-19, најверојатно, ќе влијае на данската економија во следните неколку години. Но, поставивме насоки за излез од кризата и веќе превземавме важни чекори – изјави министерот Николаи Вамен.
Во април, Вамен рече дека Данска се соочува со едно од „најтемните поглавја“ во својата историја бидејќи владата предвиде пад меѓу три и шест проценти. За споредба, економијата на еврозоната се очекува да доживее пад од 7,5 проценти во оваа година.
За време на финансиската криза во 2009 година, данската економија доживеа пад од 4,9 проценти. Данска има инвестирано повеќе од 300 милијарди круни во својата економија преку пакети за помош, вклучувајќи даноци, ДДВ и директни стимуланси.
– Пакетите за привремена помош треба да бидат доставени во фази и да бидат заменети со мудри инвестиции и иницијативи кои ќе ги започнат економските активности – рече Вамен.
Данска беше една од првите земји што во март воведе карантин за да спречи ширење на епидемијата на коронавирусот и е една од првите што се отвори, откако успешно се справуваше со инфекцијата.