ДАНСКА НЕ СИ ЈА ВРШИ РАБОТАТА И Е ЛОШ СОЈУЗНИК Венс упати остри критики кон кралството

Гренланд стана жешка тема во меѓународната политика откако претседателот на САД, Доналд Трамп, покажа интерес да го припои кон САД. Огромниот и ретко населен остров во арктичкиот регион е богат со ресурси.

786

Потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, изрази сомневање за начинот на кој Данска се справува со Гренланд, за време на вчерашното интервју за Фокс њуз.

– Данска, која го контролира Гренланд, не ја врши својата работа и не е добар сојузник – рече тој.






Гренланд стана жешка тема во меѓународната политика откако претседателот на САД, Доналд Трамп, покажа интерес да го припои кон САД. Огромниот и ретко населен остров во арктичкиот регион е богат со ресурси.

Венс, исто така, го потврди територијалниот интерес на САД за Гренланд.

– Ако тоа значи дека треба да имаме поголем територијален интерес за Гренланд, претседателот Трамп тоа ќе го направи бидејќи не му е грижа што Европејците врескаат по нас, тој се грижи да ги стави интересите на американските граѓани на прво место – нагласи Венс.

Во својот говор пред Конгресот на 5 март, Трамп изјави дека Гренланд е важен за безбедноста на САД и дека би го поздравил Гренланд како 51-ва држава. Победникот на неодамнешните избори во Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека Гренланд не сака да стане дел од САД.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, сѐ уште не одговорила на последните коментари на Џ. Д. Венс.

Поврзани содржини