ДАНСКА И НЕЈЗИНИТЕ СОЈУЗНИЦИ ИСТОВАРААТ ВОЈСКА НА ГРЕНЛАНД Во „Арктичка издржливост“ учествуваат Германија, Шведска, Франција и Норвешка
Од данското министерство за одбана соопштија дека во рамки на воените вежби, на Гренланд веднаш ќе бидат распоредени авиони, поморски средства и војници.
По сѐ поголемиот притисок од САД дека ќе го преземе Гренланд, Данска испраќа свои војници на островот, а на нејзино барање истото го прават и Германија, Шведска, Франција и Норвешка во рамки на операцијата „Арктичка издржливост“. Данското министерство за одбрана соопшти дека на Гренланд ќе биде изведена воена вежба во рамки на која веднаш ќе бидат распоредени авиони, поморски средства и војници.
– Безбедноста на Арктикот е од клучно значење за Кралството и нашите арктички сојузници и затоа е важно во тесна соработка со сојузниците, дополнително да ја зајакнеме нашата способност да дејствуваме во регионот. Данските одбранбени сили, заедно со неколку арктички и европски сојузници, во наредните недели ќе истражат како може да се спроведе зголемено присуство и вежбовна активност во Арктикот – изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Од данското министерство за одбана соопштија дека во рамки на воените вежби, на Гренланд веднаш ќе бидат распоредени авиони, поморски средства и војници.
Германија, Шведска, Франција и Норвешка потврдија дека испраќаат војници на Гренланд.
Министерството за одбрана на Германија соопшти дека на Гренланд денеска се испраќа тим од 13 воени лица кои ќе бидат на, како што се наведува, истражувачка мисија заедно со други партнерски земји, на покана на Данска.
Војници на Гренланд испраќа и Шведска.
– На Гренланд пристигнуваат офицери од шведските вооружени сили. Тие се дел од група од неколку сојузнички земји. Заедно ќе ги подготват претстојните чекори во рамките на данската вежба операција „Арктичка издржливост“. На барање на Данска, Шведска испраќа персонал од вооружените сили – потврди и шведскиот премиер Улф Кристерсон во објава на Икс.
Францускиот премиер Емануел Макрон потврди дека првите француски војници веќе се на пат кон Гренланд.
„На барање на Данска, одлучив Франција да учествува во заедничките вежби организирани од Данска во Гренланд, операција „Арктичка издржливост“. Првите француски воени сили се веќе на пат. Ќе следат и други“, објави Макрон на Икс.
Норвешкото министерство за одбрана потврди дека и Норвешка испраќа двајца војници на Гренланд.