ДАНСКА ГИ УКИНУВА СИТЕ МЕРКИ Нема пропусници и тестови, сѐ е отворено
Клучната основа за таквиот став на владата лежи во фактот дека дури 73 отсто од данската популација е целосно вакцинирана против коронавирусот, додека дополнителни 3 отсто досега примиле само една доза.
Додека некои европски земји и понатаму се загрижени поради коронавирусот и четвртиот бран на инфекција, во Данска епидемијата е минато, пишува Мондо.
Утре Данска ќе ги укине сите преостанати ограничувања врзани за ковид, а тамошната влада објавила дека вирусот повеќе не претставува „критична закана за општеството“.
Клучната основа за таквиот став на владата лежи во фактот дека дури 73 отсто од данската популација е целосно вакцинирана против коронавирусот, додека дополнителни 3 отсто досега примиле само една доза.
„Епидемијата е под контрола – изјавил минатата недела министерот за здравство Магнус Хеуник.
Треба да се спомене дека Данска беше меѓу првите земји кои во минатата година воведоа речиси целосна блокада кога изби пандемијата, а сега е меѓу првите кои целосно се отвораат.
Данците не тврдат дека го искорениле вирусот или болеста. Едноставно нашле начин да живеат со нив. Враќањето на „старата нормалност“ не би била можна без вакцинацијата.
Ова посебно се однесува на фактот дека околу 95 отсто најзагрозени луѓе во земјата се вакцинирани, како што се жителите на старските домови и лицата постари од 60 години. Поради тоа данските здравствени работници многу малку се загрижени за ширењето на заразата отколку што тоа беше случај на почетокот на годината.
Данска во моментов има во просек 700 до 800 нови инфекции дневно. Од друга страна, бројот на хоспитализирани и на тешко болни луѓе е релативно мал – во моментов во болниците се лекуваат 123 заразени лица, а во просек помалку од две лица дневно умираат од ковид-19 ширум државата.
-Вакцината е супер оружје со кое победуваме. Животот на повеќето места се враќа во секојдневието и нашите очекуваа се дека големи затворања во иднина повеќе нема да бидат потребни – изјавила премиерката Мете Фредериксен.
Власта до крајот на месецов планира да ги затвори сите локации на кои се вршат брзи тестови – пишува Дејли Телеграф.
Понатаму, ако ученик случајно се зарази, тоа повеќе нема да резултира со задолжителна самоизолација за целото одделение и за наставникот. Кон крајот на месецов контроверзниот сертификат за ковид повеќе нема да биде потребен за влез во баровите и во рестораните, нивното работно време повеќе нема да биде ограничено до 2 часот наутро, а ќе бидат дозволени и полни музички фестивали. После 18 месеци, дури и ноќните клубови повторно ќе бидат отворени.
-Во Данска нема многу случаи на тешко болни, па постигнат е консензус меѓу политичарите и јавноста дека ковид-19 повеќе не е закана за општеството – вели професорот Виго Андреасен од Центарот Пандемикс на универзитетот Роскилде.
Ако нешто загрижува, тоа е ниската стапка на вакцинација меѓу младите. Во старосната група од 15 до 18 години само 43,5 отсто луѓе се целосно вакцинирани, но и меѓу повозрасните млади ситуацијата не е подобра, иако тие всушност не се осетливо на грип. Се очекува половина од младата популација да стекне имунитет во следните шест месеци. Засега студентите меѓу 12 и 16 години се охрабруваат да се тестираат секои 72 часа со брзи тестови или секои 96 часа со ПЦР но тоа не е правило. Но до крајот на месецов ќе се укинат и тие препораки.