Данска ги проширува многу строгите мерки

Владата во понеделникот најави делумно затворање на 38 општини, вклучувајќи го и главниот град Копенхаген и затворање на барови, ресторани и музеи.

367

Данска ќе ги заостри ограничувачките мерки што се во сила во моментов за да се опфатат речиси 80 ​​проценти од населението откако беа регистрирани рекорден број случаи на заразени со коронавирус во земјата.

– Имаме инфекции во целото општество и притисок врз болничкиот систем – изјави денеска данскиот министер за здравство Магнус Хеунике, додавајќи дека се очекува пораст на случаите во наредните денови.






Владата во понеделникот најави делумно затворање на 38 општини, вклучувајќи го и главниот град Копенхаген и затворање на барови, ресторани и музеи.

Построги ограничувачки мерки од утре ќе бидат воведени во вкупно 69 општини, опфаќајќи скоро 80 ​​проценти од населението.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се нови 3.132 случаи на коронавирус, што е рекорден број во Данска од почетокот на пандемијата.

Поврзани содржини