Данска ќе усвои закон според кој силување ќе биде и сексуален однос без давање согласност

1,117

Владата на Данска денеска објавила дека обезбедила поддршка од мнозинството парламентарни групи за новиот закон според кој, сексуален однос без давање согласност ќе се третира како силување, пренесува хрватски Индекс.

Министерот за правосудство Ник Хаккеруп изјавил дека предложениот закон претставува еден од најголемите победи за родовата еднаквост во Данска после подолг период.






По усвојувањето на законот силувањето во Данска нема да се третира само како резултат на физичко насилство, принуда или кога жртвата не може да се спротивстави, на пример ако е под влијание на алкохол или дрога.

Во Шведска сличен закон е донесен пред две години. Министерството за правосудство објавило дека товарот на докажување и натаму ќе биде на тужителот.За предлог законот ќе се гласа во октомври, кога праламентот на Данска повторно ќе заседава.

Поврзани содржини