Данска е прв четвртфиналист

Данска го зголеми водството преку Јоаким Мехле во 88. минута, а печат на убедливиот триумф стави Мартин Брејтвајт во петтата минута од судиското продолжение, откако претходно во самата завршница му беше поништен гол поради офсајд.

312

Фудбалерите на Данска ја совладаа вечерва репрезентацијата на Велс со 4:0 (1:0) во Амстердам во првиот осминафинален натпревар на 16. Европското првенство.

Велс добро го отвори натпреварот и пропушти идеална шанса да дојде во водство преку капитенот Герет Бејл во 10. минута, но набрзо потоа Данска целосно ја презеде иницијативата и со два гола на Каспер Долберг го навести својот заслужен пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на ЕУРО2020.






Напаѓачот на Ница ја доведе Данска во водство во 27. минута, а по две минути игра во второто полувреме Долберг искористи грешка во велшката одбрана за да го постигне својот гол на стадионот „Јохан Кројф“ на кој настапуваше порано како играч на Ајакс.

Данска го зголеми водството преку Јоаким Мехле во 88. минута, а печат на убедливиот триумф стави Мартин Брејтвајт во петтата минута од судиското продолжение, откако претходно во самата завршница му беше поништен гол поради офсајд.

Во вториот осминафинален натпревар, вечерва од 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон играат Италија и Австрија.

Поврзани содржини