ДАНОЧНИТЕ ИНСПЕКТОРИ ПОЧНАА ПРЕСМЕТКА СО ТРГОВЦИТЕ КОИ НЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ Први на удар трговците во туристичките центри
Од УЈП велат дека контролите биле насочени кон трговци, угостители низ целата држава и кај субјекти кои вршат дејност во туристички места и локации со зголемена фреквенција на посетители, како што се угостителски објекти, аква - паркови, плажи, базени и објекти за изнајмување спортско-рекреативна опрема.
Даночните инспектори во текот на јуни и првата половина од јули 2025 година спровеле вкупно 883 теренски контроли кај даночни обврзници на територијата на цела Македонија. Утврдени се неправилности кај 294 субјекти на кои им се определени и законски предвидени казни.
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека на 212 трговци им е изречена глоба за неиздавање фискални сметки; 49 глоби се определени за неводење книга за дневни финансиски извештаи; 20 глоби за фискални сметки без пропишани елементи; 8 глоби за нерегистрирана резервна фискална апаратура; 2 глоби за неисправен фискален апарат; 1 глоба за неиздавање парагон-блок; 1 глоба за некористење одобрен фискален апарат и 1 глоба за неводење итна сметководствена книга
Од УЈП велат дека контролите биле насочени кон трговци, угостители низ целата држава и кај субјекти кои вршат дејност во туристички места и локации со зголемена фреквенција на посетители, како што се угостителски објекти, аква – паркови, плажи, базени и објекти за изнајмување спортско-рекреативна опрема.
Управата за јавни приходи потсетува на обврската за почитување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), согласно кој секој остварен промет мора да биде регистриран преку одобрен фискален уред.
– Овие обврски важат за сите субјекти – вклучително и за оние кои не се обврзници за ДДВ, како и за субјектите кои вршат сезонска дејност. Целта на овие мерки е зајакнување на даночната усогласеност, создавање на фер и транспарентно деловно опкружување и обезбедување еднаков третман на сите даночни обврзници- велат од УЈП.