ДАНКА БИЛА ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ДЕЦА?! Адвокатот Тома Фила порача родителите добро да се испрашаат

Малата Данка нема ни 2 години, а за 15 минути не може да отиде предалеку, се сомневам дека нема да ја најдат таму, а не знам каде ќе ја најдат - вели адвокатот Тома Фила.

1,753

Сите екипи на Министерството за внатрешни работи даваат сè од себе за да го пронајдат девојчето, но не верувам дека ќе ја најдат, вели адвокатот Тома Фила за српскиот Мондо коментирајќи го случајот со исчезнатата Данка Илиќ, по која се трага од вторникот откако исчезна во Бањско Поле, во Србија.

– Малата Данка нема ни 2 години, а за 15 минути не може да отиде предалеку, се сомневам дека нема да ја најдат таму, а не знам каде ќе ја најдат – вели Фила.






Според него, најмногу загрижува можноста таа да е однесена преку српската граница.

– Родителите треба добро да се испитаат. Источна Србија е чудна, можеби дури и ја преминала границата со некого, ако некој ја киднапирал. Станува збор за некаковси криминал. Не верувам дека некогаш ќе ја најдат бидејќи ако не ја најдат сега, жива или мртва, не дај, Боже, сево ова изгледа како трговија со деца – смета адвокатот.

Двегодишната Данка исчезна во вторникот околу 13.45 часот во околината на Бор, а потрагата по неа трае веќе петти ден.

По нејзиното исчезнување, за првпат во Србија е активиран системот „Најди ме“, наменет за итно јавно известување во случај на исчезнување на малолетно лице.

🎥 ШТО СНИМИЛ ДРОНОТ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ИСЧЕЗНАЛА ДАНКА? Жител рекол дека најмногу се плаши од едно нешто

 

Поврзани содржини