Даниловски во „Само вистина“: Не избравме најсреќен тајминг за релаксирање на мерките

Тој додаде дека за разлика од првиот бран кога вирусот се ширеше од општина во општина, сега имаме диференцијација, односно загрозени подрачка.

2,631

Не избравме најсреќен тајминг за релаксирање на мерките и почна да расте бројот на заразени од коронавирусот, рече Д-р Драган Даниловски во денешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.

– Една од причините за вториот бран на заразата е самото поведение на луѓето. Ние го доживеавме тој повратен удар по завршувањето на рестриктивните мерки. Не избравме најсреќен тајминг за релаксирање на мерките и затоа почна да расте бројот на новозаразени. Искрено, и мене ме изненади силината на новиот бран – рече Даниловски.






Тој додаде дека за разлика од првиот бран кога вирусот се ширеше од општина во општина, сега имаме диференцијација, односно загрозени подрачја.

Поврзани содржини