Даниловски: Државата мора да врши повеќе тестирања и да казнува најстрого

1,093

Релаксацијата на мерките не требаше да биде подеднаква за сите. Во тие региони каде што имаше и има, поголем број на заразени, таму мерките требаше да останат уште некое време, вели епидемиологот Драган Даниловски за ТВ Алфа.

Тој апелира засилено да се тестира.






– Мојот апел одамна е, државата мора да врши како никогаш досега колку што е можно повеќе тестирања, за што повеќе да се лоцираат заразените и оние невидливите асимптоматските – апелира епидемиологот Даниловски.

Тој апелира и за поголемо казнување на граѓаните доколку не се држат до препораките.

– Државата не може да остане само на апели за придржување на мерките.Туку мора да врши постојан надзор и најстрого да казнува за непридржување кон личните заштитни мерки. Без тоа верувајте сиот труд досега ќе отиде во ветер и се ќе биде залудно – рече д-р Драган Даниловски.

 

Поврзани содржини