Даниловски: Додека стигнат вакцините, самите ќе завршиме работа стекнувајќи колективен имунитет

Засегага има три мутации на вирусот, се дознава дека вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“ делуваат и на јужноафриканскиот сој на вирусот, вели професорот.

912

Во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ24, епидемиолог Драган Даниловски изјави дека за 2-3 месеца ќе бидеме на прагот на колективен имунитет.

– Чекајќи ги вакцините, ќе си ја свршиме работата сами на природен начин, по некои пресметки, ние имаме некаде меѓу 42 и 45% опфатени граѓани со инфекцијата, независно дали се асимптоматски или со симптоми, тоа е околу 750.000 граѓани. Околу 1.6 милиони граѓани користат здравствени услуги во Македонија. Со оваа динамика за 2-3 месеци ќе го достигнеме прагот на колективен имунитет, па за кого ќе се вакцините? Епидемијата здивнува имајќи предвид дека сме шампиони на Балканот кога се работи за „расположение“ за вакцинирање, околу 49% од граѓаните не се расположени да се вакцинираат – вели д.р Даниловски кој се осврна и на британскиот сој на ковид-19.






Засега има три мутации на вирусот, се дознава дека вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“ делуваат и на јужноафриканскиот сој на вирусот.

– Откриено е дека британската варијанта е 35% позаразна од оригиналниот тип, а јужноафриканскиот сој е 75% позаразен. Се претпоставува од искуството на Британија дека клиничката слика не е поразлична, но преносливоста е поголема. Ќе заболат повеќе луѓе, веројатно ќе има и повеќе починати. Истите мерки кои се преземаат за постоечкиот вирус функционираат и за британскиот сој. Треба маските поригорозно да се носат и дистанцата да се држи по внимателно. Ова не треба да не изненадува. РНК вирусите се нестабилни, мутираат многу често – рече д-р Даниловски.

Поврзани содржини