Даниловски: Делта-вирусот ќе дојде наесен
За да се намали ризикот за брз продор преку границата, добро е да има бариера, а една од нив е ПСР-тестови на сите што влегуваат, особено на крај на летото, вели епидемиологот за Канал 5.
Епидемиологот и универзитетски професор Драган Даниловски за телевизија Канал 5 вели де е прашање на време кога индискиот делта-вирус ќе пристигне во земјава. Сепак, Даниловски очекува да имаме мирно лето.
– Тоа нема да биде пред есен, тогаш ќе залади и ќе почнат дружбите на затворено. Не верувам дека ќе има силен бран. За да се намали ризикот за брз продор преку границата, добро е да има бариера, а една од нив е ПСР-тестови на сите што влегуваат, особено на крај на летото – изјави Даниловски.