Пред пет дена, јавноста дозна дека хрватските пејачи Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ ја прекинале долгогодишната љубовна врска, што ја шокираше јавноста која со години ги сметаше за најскладен пар.
Парот кој беше 24 години заедно, повеќе не живее на истата адреса.
Даниела и Петар по веста не се огласија по повод овие натписи. Нејзиното молчење за раскинувањето и понатаму продолжува, па обожавателите одговорите ги бараат во секоја нејзина објава.
Сега Даниела, првпат по веста за раскинувањето со Грашо, им се заблагодари на поддршката на обожавателите за нејзината нова песна насловена како „Љубовта не се откажува“.
„Дека љубовта навистина не се откажува, ми покажавте токму вие. Од кога песната излезе пред две недели, постојано ми пристигнуваат вашите пораки за поддршка. Ви благодарам на сите што ја слушате, гледате, пеете каде и да сте под капата на Небото. Ви благодарам 319.626 пати“, напиша Даниела заблагодарувајќи им се на своите обожаватели, кои долги години ѝ беа голема поддршка. Ако навистина мисли дека љубовта не се откажува, веруваме дека Даниела ќе коментира во иднина.
ФОТО: Фејсбук