ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ МУ СЕ ВРАТИ НА ПЕЕЊЕТО ПО ПРОЖИВЕАНИОТ ХОРОР Српската полиција сè уште трага по киднаперите

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски кој со семејството живее во Белград, се најде во центарот на вниманието на јавноста поради лош повод, бидејќи неодамна беше киднапиран. Сепак, брзо се врати на нозе и само три дена по хоророт што го преживеа, повторно настапил во еден белградски ноќен клуб

264

Пејачот Даниел Кајмакоски се појави во јавност за прв пат откако беше киднапиран рано наутро во неделата (08.02.) по настап во Белград.

Само три дена подоцна, тој повторно настапил и ја воодушеви публиката, која, како што пишуваат српските медиуми, судејќи според неговото однесување, никогаш не би претпоставила дека пејачот доживеал ужас пред само неколку дена.






Даниел се повлече од јавноста неколку дена по стресната ситуација за да ги надмине тешките моменти вокругот на своето семејство, а потоа повторно застана пред белградската публика и беше на висина на задачата.

Снимката од неговиот настап можете да ја видите ТУКА.

Инаку, српската полиција сè уште ги бара двајцата мажи кои го киднапираа Даниел и кои го возеле 63 километри во неговиот автомобил, бегајќи од полицијата.

За потсетување, Даниел беше пронајден врзан на задното седиште од автомобилот, додека киднаперите избегаа кон шумата откако удрија во банкина.

Инаку, Даниел пред 12 години победи во музичкото талент шоу „X Factor“, а таа победа беше обележана и со скандал, бидејќи во еден момент пејачот ја прозва продукцијата, критикувајќи ја затоа што не му ја исплатиле наградата и затоа што не го поддржале.

Поврзани содржини