Данијела Мартиновиќ со концерти во август на Хераклеа и во Охрид

342

По долга пауза, хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ повторно ова лето со концерти во Македонија.

Хрватската пејачка ќе настапи во Античкиот театар во Охрид и во Хераклеа во Битола на 6 и 7 август.






Данијела Мартиновиќ нема потреба на долго и широко да се претставува, нејзините хитови навистина сите ги знаат. Се разбира дека овие концерти ќе имаат одредена специфика која лежи во фактот што Данијела ќе го промовира својот последен проект со наслов „Neopisivo“ во коj добро познатиот материјал го презентира на еден поразличен начин, информираат организаторите, продукција „Авалон“.

Влезниците веќе се пуштени во продажба по следниве категории и цени:
Цена на влезница за Хераклеа-Битола: 600 денари
Цена на влезници за Антички театар- Охрид:
ТРИБИНИ: 700 денари.
ВИП седење: 1000 денари (пред бина, само 100 влезници во продажба)
Поврзани содржини