📷 ДАНИЈЕЛА МАРТИНОВИЌ ПОКАЖА ШТО Ѝ ПОДАРИЛО МОМЧЕТО ЈОСИП „Тој ме сака на свој начин“ 

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ се пофали со подарокот што го добила од своето момче Јосип Плавиќ.

413

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ се пофали со подарокот што го добила од своето момче Јосип Плавиќ. На својата приказна на Инстаграм, Данијела објави букет цвеќе што ја пречекал во автомобилот.

Во позадина свирела песната „Тој ме сака на свој начин“ (On me voli na svoj način) која ја пее Габи Новак.






„Само љубов“, напишала Данијела.


Јосип Плавиќ ја напушти полицијата на почетокот на минатата година и повторно го обедини својот стар бенд „Изван закона“. По 16 години пауза повторно почнаа да снимаат песни. Неодамна гостуваше во емисијата „Кај нас дома“.

На водителката Барбара Колар ѝ раскажал дека Данијела е одговорна за новите песни на бендот бидејќи, како што вели, таа секогаш го поттикнувала да се врати на музиката. Тој додал дека Данијела е „рокерка во душа“ и дека одлично го разбира жанрот.

„Ѝ благодарам што ме наговори“, рекол тој.

„Таа е навистина рокерка, ја сака таа музика, ја разбира и добро пее“, рекол тој.

За врската на Данијела и Јосип се дозна на почетокот на 2023 година. Данијела потоа раскажа дека Плавиќ го запознала кога нејзината адвокатка во 2022 поднела пријава за кражба на идентитетот преку интернет. Полицијата брзо го расчистила случајот, а Данијела и Јосип продолжиле да се дружат.

Ова е прва јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако ја прекина 24-годишната врска со Петар Грашо во 2021 година.

 

 

Поврзани содржини
na