ДАНЕЛА СО ТАЧЕ Е ТАЧЕЛА Стоилковски тврди дека во тимот на Арсовска се СДСМ, ДУИ и Левица

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања на сметка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

376

„Јас ги поздравувам возачите коишто се одважија и коишто покажаа храброст каква што ни е потребна како нација, за да создадат еден хаос за да укажат на хаосот кој што нѐ гази сите во општествово. Затоа што ова е проблем на општествово, не е само долгот финансиски кон нив, туку односот кон вработените. Сето ова мене ме враќа во 90-тите, на она мрачно време на транзицијата. Зошто? Точно 48 часа нема одговор Арсовска на прашањата кои што редовно ги поставувам од говорницата за причината за долгот и неисплаќањето на истиот“, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринска емисија на радио „Лидер“.

Стоилковски додаде дека околу милион ипол евра должи Арсовска на превозниците. Превозниците имаат потпишано договор со Градот за да нудат и исполнуваат услуги. А за тоа Градот треба да им плати.






„Приватните превозници не се вработени во Град Скопје туку имаат свој влог таму, купиле автобуси, ставале бензин, дури им се дадоа и услови кои што треба да ги исполнат за да бидат дел од јавниот сообраќај во Скопје. И тие инвестирале во тоа. И едноставно сега Град Скопје не им дава пари“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека за хаосот што се случува деновиве ја обвинува Данела Арсовска и Град Скопје.

„Јас го обвинувам и системот кој што да речеме е сега на повисоко ниво, еве претставник на тоа е Ристо Пенов. Како тој може да каже дека на сила ќе ги трга автобусите?“, запраша Стоилковски.

Во текот на гостувањето Стоилковски се осврна и на соработката помеѓу Арсовска и Ковачевски. Премиерот излезе и во јавноста рече дека имал тајни средби со Данела Арсовска.

„Монструмот создаден и наречен Тачела, да го рашириме изразот Тачела. Многу ми се допадна Данела со Таче е Тачела. Бидејќи после тајните средби кои што ги призна Таче – Димитар Ковачевски е така една симбиоза на интереси заеднички. И тоа тајни средби. Внимавајте, премиер излегува и вели пред јавноста имавме тајни средби“, нагласи  Стоилковски.

„Тимот на Данела после овие тајни средби е СДС, Драги – Книга, секретарот на општината, директорите на СДС, Ковачевски, ДУИ, и Левица. Тоа е токму тимот на Данела во моментов околу неа“, рече Стоилковски.

Соопштение за настапот на Стоилковски објави ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини