ДАНЕЛА, СКОПЈЕ ТИ БЕШЕ НЕПЛАНИРАНА ГРЕШКА, ДАЈ СИ ОСТАВКА! Шилегов предлага напролет да има и скопски избори

Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. Без визија и план што би работеле - пишува поранешниот градоначалник на Скопје.

500

Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов смета дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација и побара градоначалничката Данела Арсовска да поднесе оставка.

„Почитувана Арсовска, заминете си! Поднесете оставка!  Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа“, напиша Шилегов на Фејсбук.






Шилегов предлага на пролет да има избори и во Скопје.

„Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот во кој што сите живееме. За душегрижниците: немам намера, ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум, но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!! За надворешните, а богами и внатрешните душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив !!! Човекот ја прави функцијата“, напиша Шилегов на Фејсбук. 

 

Поврзани содржини